Лавовите близнаци Цар и Џамил, родени во јануари 2021 година, требаше да бидат преместени во Белгија во мај, откако украинските власти ги конфискуваа од приватни сопственици кои се однесувале лошо со нив. Сепак, руската воена акција во Украина е причина што преместувањето морало да се случи веднаш, затоа што борбите околу Киев, каде што беа чувани лавовите, им предизвикале стрес и повреди додека во паника скокале на решетките од кафезите.
Фредерик Толен, биолог кој од 2007 година работи во белгиско засолниште за животни, раскажува за тешкото петдневно патување од Киев на 26 февруари до полската зоолошка градина во Познањ, коешто почнало со средба со руската армија надвор од главниот град на Украина.
Руските војници вперија пиштоли кон медицинските сестри кои ги пренесуваа животните. Тие рекоа: „Не, ова се наши животни. Ако ги допрете животните, прво треба да се справите со нас!“, по што, руската армија ги пропушти. Потоа имаше долго, долго патување до полската граница. Мораа да возат различни мали рути за да избегнат сообраќајни метежи – раскажува Толен.
Лавовите пристигнале во засолништето „Натурхулпцентрум“ (Natuurhulpcentrum) доцна синоќа, а засолништето ќе ги држи во карантин три месеци и ќе ги негува пред да се најде постојан дом за нив или, можеби тие ќе бидат вратени и пуштени на слобода во Африка.
На лавовите, кои биле невообичаено мали кога биле спасени, им недостигале есенцијални елементи како калциум и биле хранети со месо со поминат рок, додека, пак, рендгенот открил дека имаат и фрактури на коските.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.