Додека сонуваме да бидеме милионери, всушност гледаме како да преживееме со она што го имаме. А тоа е се повеќе вистинска уметност. Во сè, барем малку можат да помогнат советите на супербогатите луѓе ширум светот кои очигледно знаат да управуваат со парите. И ако не штедеа и само се расфрлаа, во одреден момент ќе им се стопи богатството. И што велат тие?

Ворен Бафет, еден од најбогатите луѓе на планетата, меѓу другото, користи купони за да пазарува во продавници за брза храна. Значи, само затоа што имате пари не значи дека треба да ги трошите на работи кои можат да се купат поевтино.

Плати во готово

Плаќањето за работи со готовина е еден од најдобрите совети за заштеда на пари. Тоа е нешто што ќе го слушнете секогаш кога се дискутира за управување со пари. И тоа не без причина. Трошењето готовина е сепак потешко од трошењето со кредитна картичка, за која велат дека не ја ни чувствувате – додека не дојде сето тоа одеднаш. Се чини дека едноставно немаме осет колку пари сме дале додека не ни поминат низ раце, па може да потрошиме и она што не би требале.

Пробајте го правилото 50/20/30

Кое е правилото 50-20-30? Тоа е шаблон кој вели да се обидете да одвоите 50% од приходите за трошоци, сметки и слично, 30% за вашите желби и потреби и 20% за заштеди. Правилото доаѓа од сенаторката Елизабет Ворен, која го преточи во книга.

Вежбајте финансиска хигиена

Практикувањето финансиска хигиена е клучно. Богатите луѓе добро управуваат со своите пари благодарение на добрите финансиски навики. Така, како што ги миете забите секој ден, така треба да се грижите за буџетот, заштедите, инвестициите и трошоците на месечно, па дури и неделно ниво.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.