На Гога Терзиќ и е напишана прекршочна пријава поради бавење со проституција, додека против нејзината пријателка Н.Н. е поднесена кривична пријава поради сомнеж дека посредувала во вршење проституција.

Кривичната пријава иде во редовна постапка, така што двете се пуштени на слобода, пишува српски Курир.

Тие двете дошле во хотел на договорени интимни односи, но во собата наместо клиенти, ги дочекале припадници на МУП.

Според сознанијата, полицајците на секторот за Јавен ред и мир им ставиле лисици и ги однеле на сослушување во станица, каде ја дочекале зората.

Гога во јавноста е позната со години. Таа во медиумите се претставува како пејачка и раперка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.