Холандската полиција неодамна објави интересна приказна на Инстаграм, која може да послужи како инспирација за филм.
Се почнало кога диспечерот на ноќната смена добил повик од повозрасен човек. Со исплашен глас тој побарал да го изнесат од мртовечница!
Полиција, како да ви помогнеме“, рекол диспечерот.
Човекот од другата страна на линијата одговорил:
Заклучен сум“.
Изненадениот службеник продолжил со прашања:
Велиш дека си заклучен? Знаеш ли каде си?“.
Полицискиот службеник за момент помислил дека разговара со личност која боледува од деменција, што не би било првпат.
Да, знам каде сум. Гледам во таблата, пишува мртовечница“, рекол непознатиот маж.
Тој дал и адреса која се покажала како точна.
Диспечерот наведува дека низ главата му поминале секакви работи, особено сликата на постар човек кој бос седи во мртовечницата, покрај отворен ковчег.
Господине, знаете ли како стигнавте таму“, било следното прашање.
По некое време дошол одговорот:
Да… Дојдов да се поздравам со мојот починат пријател и мислам дека заспав“.
Диспечерот му рекол на човекот да не се грижи и дека ќе повика помош. Потоа стапил во контакт со погребалното претпријатие и побарал од ноќниот чувар да ги отвори просториите што е можно побрзо.
Имало многу луди повици за време на ноќната смена, но овој никогаш нема да го заборавам“, рекол полицаецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.