Outdoor Festival АЗОТ 2023 мтб предизвик

Изминатиот викенд во с.Богомила во регионот АЗОТ се одржа 9-от по ред outdoor festival „ АЗОТ 2023 мтб предизвик“ кој е во организација на велосипедско здружение Велес Бајкинг, а е поддржан од Општина Чашка.

И покрај неповолните временски услови кои беа најавени за овој викенд, преку 250 велосипедисти, планинари и посетители беа директни учесници за овој настан. Според нивната реакција оваа 9-ма година ги надмина сите очекувања во поглед на организацијата и приемот од страна на организаторите.

Целокупниот настан беше опфатен во два дена со голем број на настани за сите учесници.

Првиот ден беше предвиден за велосипедска рекреативна тура до манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ во блиина на с.Согле каде учесниците се воодушевуваа од овој прекрасен црковно-духовен храм.

Во меѓувреме во кампот се одржуваа обуки за повреди на отворено кои беа рпрезентирани од мобилна екипа на Црвениот Крст на Македонија ОО Велес. Во вечерните часеви се одржа голема рок забава на која имаше гости и од Велес.

Вториот ден, се возеа две велосипедски патеки и тоа:

голема патека: 44.1 km +1780

средна патека: 34.1 km +1011 m

Патеките поминуваат низ неколку села од областа Азот и тоа село Богомила, село Црешнево, село Капиново, село Нежилово, село Папрадиште Планинарски дом Чеплес како и низ многу прекрасни природни пејсажи низ течението на река Бабуна како шлто се погледот кон врвот Солунска глава ( 2451 мнв).

Освен велосипедската, се одржа и планинарска тура во должина од 16,2км со посета на изворите на Бабуна.

Настанот е еден од најпосетените во  Македонија и истовремено е најголемиот туристички промотор на целиот регион.

По завршувањето на сите активности, се организираше и заеднички ручек и богата лотарија со награди за сите учесници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.