Игор Пехчевски, пациент со цистична фиброза, преку фотографии од болнички кревет одново упати критики што лекот „трикафта“ не е ни близу до набавка, но и жалење што на ваков начин го остварува правото на лек. Тој не добил ниту пристојно работно место, па ги праша Владата, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски: „повторно чекате да се вратам во болнички кревет?“.
На никој не би му посакал на ваков начин да ги остварува своите права за Работа и Лек на социјалните мрежи и медиумите. Верувајте тоа е крајно ПОНИЖУВАЧКИ❗️😓😡
ГОСПОДА❗️
Уште колу време треба да чекам за Лекот #ТРИКАФТА и за Пристојно работно место, НЕ било какво…
Или повторно чекате да се вратам во болнички кревет❗️😡😔😭
ПОСТАПЕТЕ како да сум Ваше дете❗️❗️❗️, пишува на Фејсбук, Игор Пехчевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.