Пандемијата на корона вирусот и недостатокот на полупроводници не го спречија „Порше“ да постави нов рекорд на продажба во 2021 година.
Откако „Ламборгини“ и „Бентли“ се пофалија со рекорд во 2021 година, германската компанија соопшти дека продала 301.915 автомобили, што е 11 отсто повеќе отколку во 2020 година. Таквото зголемување е резултат на зголемената побарувачка во сите глобални продажни области.
И покрај предизвиците од недостигот на полупроводници и прекините на пандемијата на корона вирусот, работевме напорно за да им овозможиме на повеќе клиенти од кога било досега да го исполнат својот сон и да поседуваат Порше. Побарувачката е сè уште висока и нарачките веќе ни ги преполнуваат „книгите“ – вели Детлев фон Платен, одговорен за маркетинг во компанијата.
Гледано по земји, во Кина растот изнесува осум отсто, односно продадени се 96.671 автомобил, во САД – 22 отсто и продадени 70.025 автомобили, а во Германија, продажбата е зголемена за девет отсто, на 28.565 автомобили.
Најпродаваниот модел на „Порше“ лани бил „Макан“, со продадени 88.262 примероци, а по него следи „Кајен“ со 83.071 примерок. И електричниот седан-караван „Тајкан“ дефинитивно заслужува внимание, со 911 продадени возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.