Волтер Канингем, последниот од тројцата астронаути во првата мисија со екипаж од програмата „Аполо”, почина вчера на 90 години, јави американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА.

Волт Канингем беше борбен пилот, физичар и претприемач, но најмногу од сè – беше истражувач. На „Аполо 7″, првата „Аполо”- мисија со екипаж, Волт и неговите колеги од екипажот испишаа историја, отворајќи го патот за генерацијата „Артемис” што ја имаме денес. НАСА секогаш ќе се сеќава на неговиот придонес во вселенската програма на нашата нација и изразува сочувство до семејството Канингем – изјави администраторот на НАСА, Бил Нелсон, во изјавата на агенцијата.

На летот од 1968 година, вселенското летало со тричлениот екипаж орбитирало околу Земјата 11 дена. Покрај Канингем, во екипажот на „Аполо 7″ биле и астронаутите Валтер Шира и Дон Ајзел. Ајзел почина во 1987., а Шира во 2007 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.