Леонардо дел Векио, претседател на компанијата за очила „EssilorLuxottica“ (бренд Ray-Ban) и еден од најбогатите Италијанци, почина на 87-годишна возраст.
„EssilorLuxottica“ со жалење објавува дека нејзиниот претседател почина. Одборот ќе се состане за да ги одреди следните чекори – се вели во соопштението на компанијата.
Дел Векио пораснал во сиропиталиште, а подоцна заработил богатство од неколку десетици милијарди евра во една од најпознатите успешни приказни во повоеното закрепнување на Италија, пишува „Бизнисинфо.ба“.
Леонардо дел Векио беше одличен Италијанец. Неговата приказна, од сиропиталиште до деловна империја, изгледа како приказна од друго време. Но, тоа е пример за денес и утре. Р.И.П. – порача на Твитер европскиот комесар за економија Паоло Џентилони.
Италијанскиот претприемач ја основа „Luxottica“ во 1961 година и изгради компанија која го поседува брендот „Рејбан“ (Ray-Ban) и која ги здружи силите со францускиот „Essilor“ во големото спојување во 2018 година, потсетува порталот.
Тој остана извршен директор на „EssilorLuxottice“ до декември 2020 година, кога го препушти секојдневното управување со компанијата на извршниот директор Франческо Миљери.
Дел Векио лично го поддржа Милер како шеф на француско-италијанскиот гигант за очила кога беше создадена споената група.
Влијанието на Дел Векио се прошири надвор од неговиот бизнис и на крајот на 2021 година, тој беше вториот најбогат човек во Италија по Џовани Ферер од групацијата „Нутела“.
Неговата холдинг компанија „Делфин“ е најголемиот акционер на италијанската групација за финансиски услуги „Медиобанка“ и има удел од нешто помалку од 10 отсто во најголемата италијанска осигурителна компанија „Генерали“. Тој, исто така, поседува околу 7 отсто од компанијата за недвижнини „Ковивио“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.