Повеќе од илјада луѓе го посетија забавниот парк на „Дизни“ во Шангај, по тримесечното неработење поради новиот бран на корона вирусот. Посетителите се вратија со маски и физичка оддалеченост.

Паркот беше затворен на 21 март, откако се зголеми бројот случаи на зараза со корона вирусот во градот, што доведе до двомесечен карантин, со мерки што почнаа да се ублажуваат на 1 јуни.

И пред затворањето во март, паркот ја воведе обврската за носење маски и редовна дезинфекција, како мерки донесени од властите во борбата против Ковид-19. А исто така, од гостите сега се бара да покажат доказ за негативен корона-тест.

Паркот, исто така, најави дека ќе го ограничи капацитетот, додавајќи дека некои знаменитости – како што е „Универзумот на Марвел“, ќе останат затворени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.