На 88-годишна возраст почина првиот мајстор за бисквити во поранешана СФРЈ Петар Тутавац, творецот на популарните бисквити „домаќица“ и „плазма“.
Тутавац ниеден свој производ не патентирал.
Тоа беа други времиња, кога знаењето не се криело, туку се делело. Сите мои рецепти и производи се правени под името на ‘Бамби‘. Тогаш се сметало дека сето тоа му припаѓа на народот“, изјави Тутавац лани во интервјуто за „Слободна Далмација“.
Тутавац во 1949 година се пријавил на курс за правење бисквити што го распишала фабриката „Краш“ од Загреб и станал првиот школуван изработувач на бисквити во земјата. Потоа отпишол во војска, а по завршување на воениот рок се вработил во „Краш“. Паралелено, додека работел ја посетувал и вишата школа за инженери кондитори во производството на „Краш“.
Негов прв оригинален производ била „домаќица“. Тоа му било дипломска работа. Таа подоцна доживеала разни варијации, но основата остана токму онаква како што ја замислил Тутавац, пишуваше лани „Слободна Далмација“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.