Веста за нејзината смрт ја потврди ќерката Аурелија, која рече дека Жило неодамна имала проблеми со срцето и белите дробови.

Славниот сликар го запознава за време на окупацијата – таа има 21, а тој 40 години повеќе од неа. Иако никогаш не се венчаа, имаа две деца. За време на нивната врска, законската сопруга Олга често ја вознемируваше и физички напаѓаше.

Сликите на Пикасо од тоа време најчесто се фокусирани на семејниот живот, а на многу од нив ја прикажувал како мајка, незаинтерсирана за децата кои си играат околу неа.

И денес е култна фотографијата од времето кога била муза на Пикасо, на која тој ја штити и крие со голем чадор за сонце на плажа во јужна Франција, снимена од Роберт Капа, но Франсоаз по десет години се охрабри да излезе од таа заштита.

Франсоаз беше единствената жена која го напуштила егоцентричниот гениј, а својата десетгодишна врска со него ја опиша во книгата „Животот со Пикасо“, која е објавена во 1964 годинс и по која е снимен филм „Да се преживее Пикасо“, со Ентони Хопкинс во главната улога.

SURVIVING PICASSO, from left: Natascha McElhone, Anthony Hopkins as Pablo Picasso, 1996, © Warner Brothers

Пикасо се обиде да ја спречи да ги објави мемоарите, а подоцна, чувствувајќи се дека го изневерила, до крајот на животот одбивал да ги види своите деца. Таа се премажи, објавуваше романи и работеше како учителка.

Без оглед на оваа славна афера, по која веројатно ќе биде запаметена во јавноста, нејзните уметнички дела се изложени во повеќе од десет музеи, вклучувајќи го и Метрополитен, Музејот Мома и Центарот Помпиду во Париз и побарувачката за нив, како и нивните цени, се во постојан пораст.

Една нејзина слика пред две години беше продадена во Сотби за милион и триста илјади долари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.