Финскиот мултимилионер Андерс Виклоф (76) е казнет со дури 121.000 евра поради пребрзо возење по пречекорувањето на дозволената брзина за 30 километри на час. Имено, во Финска се изрекуваат казни според приходите на сторителот, како и претходните прекршоци.

Милионерот за странските медиуми изјавил дека му е жал и дека почнал да успорува додека возел, но дека тоа очигледно не го направил навреме. Тој додаде и дека ограничувањето на брзината од 70 км/ч се променило на 50, а во тој момент возел 82 км/ч.

Но, полицијата не му изрече таква казна само поради приходите, туку и поради тоа што веќе двапати бил казнет. Му е одземена и возачката дозвола на 10 дена, пишува Гардијан. Веќе во 2018 година е казнет со нешто повеќе од 63.000 евра, а пет години подоцна за истиот прекршок доби казна од 95.000 евра.

Сличен систем на казнување како Финска, оној во однос на приходите, користи и Швајцарија. Најголемата казна што е изречена во таа земја досега беше 1,1 милион евра, а тоа беше за Швеѓанец кој возел 290 км/ч.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.