Тетовското Трио Гавровски денеска соопшти дека почина еден од основачите, Милорад Гавровски.

Триото го негуваше гласоечкото пеење, двогласното машко пеење кое се најде на листата на заштитено нематеријално културно наследство на УНЕСКО во 2016 година.

Сè ме напушта пополека сине, но Господ уште ми го чува гласот. Тоа беа последните твои зборови. А денес кога те напушти и тој, го напушти и оној за кого цел живот се бореше да излезе на прав пат. Годините се бројка, а ти остануваш мојот ангел чувар во вечноста, напиша неговиот син Мирослав кој заедно со братот на Милорад го сочинуваа триото.

Милорад Миле Гавровски ќе биде погребан на тетовските градски гробишта денеска во 12 часот. Телото ќе биде изложено во капела од 11 часот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.