Поранешната ѕвезда од филмовите за возрасни, Рон Џереми, кој беше обвинет за повеќекратно силување, ќе биде ослободен од затвор и ќе биде сместен во приватно престојувалиште во Лос Анџелес, откако судијата во Врховниот суд на Округот Лос Анџелес, Роберт Харисон, го одби барањето на Обвинителството тој да не биде ослободен.
Роналд Џереми Хајат (70) е во притвор поради обвиненија за сексуални злосторства, но судските власти во јануари одлучија дека порно глумецот е неспособен да го следи судењето бидејќи има тешка деменција. Потоа, минатата недела Судот го одобри барањето на згрижувачот на Џереми – тој да биде преместен во приватен дом поради неговата влошена здравствена состојба.
Тужителките во меѓувреме побараа од Судот да ја преиспита одлуката. Судијата Харисон одби да ја промени таа одлука.
Познатата адвокатка за правата на жените, Глорија Олред нагласи дека можните дополнителни жалби и истраги може да траат со години, а и сега преживеаните жртви нема да знаат точно каде е тој – што е отежнителна околност.
Нема да знаеме каде е тоа приватно престојувалиште и дали тој ќе биде затворен во тоа приватно престојувалиште… Нема услов тоа да биде престојувалиште каде што тој ќе биде под клуч, изјави Олред.
Џереми беше обвинет за четири точки од првичното обвинение, но по неговото апсење, повеќе жени се појавија со свои обвинувања. Така случајот се искачи на 34 точки од обвинението за силување, присилна орална пенетрација и сексуална повреда во коишто се вклучени 23 жени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.