Душко Тошиќ последниве денови проживува вистинска драма. Прво сопругата Јелена Карлеуша пред пет дена го пријави во полиција за насилство, по што доби забрана за приближување и комуницирање со Јелена, а сега објави тажни вести.
Имено Душко се прости од својот млад колега, Ахмед Чалик, кој загина во сообраќајна несреќа. Младиот репрезентативец на Турција, животот го изгуби кога неговото возило изгубило контрола на патот Анкара-Нигде, пренесуваат тамошните медиуми.
Тошиќ и Чалик три години поминаа заедно играјќи за Генчербирлиги од 2012 до 2015 година. Душко објави негова фотографија со емотикони кои покажуваат колку тешко му падна оваа трагична вест, а со фотографијата на турски јазик напиша „Покој на душата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.