Пет илјади танчери ќе се натпреваруваат во дисциплините „хип хоп“ и „стрит денс шоу“ на спектакуларниот шампионат кој вчера започна во Скопје – IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024.

Во организација на клубот „Брејк а Лег“, од 9 до 17 октомври, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе има претставници од 35 држави.

До крајот на шампионатот, ќе имаме можност да ги гледаме следните држави: Македонија, Турција, Грција, Албанија, Германија, Норвешка, Романија, Кипар, Литванија, Словачка, Данска, Холандија, Полска, Швајцарија, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Молдавија, Шведска, Естонија, Индија, Јужна Африка, Канада, Обединето Кралство, Франција, Бугарија, Белгија, Јужна Кореа, Австрија, Финска, Италија, Чешка, Унгарија, Црна Гора и Хрватска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.