Смрдеата што останува по пушењето во затворена просторија е ноќна мора на секој непушач, но тоа не им се допаѓа ниту на пушачите. Постојат трикови кои успешно го елиминираат чадот од цигарите од вашиот дом, автомобил и облека.

1. Сода бикарбона

Посипете сода бикарбона на мебелот и теписите и оставете да делува преку ноќ. Следниот ден едноставно исчистете ги тие површини со правосмукалка. Ако мирисот сè уште е присутен, повторете ја постапката.

2. Амонијак

Ѕидовите и таваните можете да ги третирате со амонијак измешан со вода (или било кое средство за чистење на база на амонијак). Луѓето често ги игнорираат овие делови од просторијата и токму на нив се наталожуваат најмногу слоеви чад.

3. Оцет

Иако ниту оцетот нема пријатен мирис, тој делува на облеката и ткаенините кои мирисаат на чад. Додадете шолја оцет во сад со топла вода и закачете ја облеката над неа за да се пареа. Оцетот делува и во куќата ако со него наполните контејнери и ги поставите низ собите во домот.

4. Јаглен

Ставете контејнери полни со јаглен во зачадени простории или во вашиот автомобил неколку дена. Многу успешно ќе го отстрани мирисот на цигарите од собата.

5. Јаболка

Јаболкото преполовете го на половина и оставете го таму каде што треба да го извадите мирисот на чад. Плус, вашиот дом ќе мириса на јаболка, што доаѓа како бонус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.