Во „Јавна соба“ на 13 јануари, сабота, во 11 часот ќе се одржи „Вселенска мисија“ – перформанс за деца кој започнува со цртање на лице.

„Децата потоа седнуваат во публика и започнува Вселенската мисија. Нашиот Супер Вселенко успеал да си ја поправи ракетата и се вратил на месечината, но со себе носи проблем. Тој е збунет и не знае да го разликува доброто од лошото! Нашите мали марсовци и супер херои ќе му помогнат во тоа со едукативната работилница, а потоа заедно ќе уживаат во забавните анимации“, стои во најавата за настанот.

Продукција на настанот – Театар за тебе.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.