Канадски турист при подготовските за полетување на авионот на компанијата Таи ервејс на аеродромот во Чијанг Мај, главниот град на истоимената провинција на северот на Тајланд, ја отворил вратата на леталото.

Авионот потоа се вратил на терминалот, патниците се симнале, а техничката служба извршија инспеција на безбедноста на леталото, соопшти аеродромот, пренесува Ројтерс.

Инцидентот предизвикал нарушување во редот на летање за повеќе од десетина други авиони.

По извршена инспекција, авионот добил одобрение да полета за Бангкок со сите пантици и екипажот, соопшти компанијата.

Локалната ТВ станица Таи Пи-Би-Ес јави дека Канаѓанинот е приведен.

„Призна дека ја отворил вратата и наведе дека некои луѓе доаѓале по него. Според неговото однесување може да се заклучи дека халуцинирал“, изјави адвокатот на патникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.