Пазарот на роботика за агробизнис во 2022 година вредеше 63 милијарди долари, но поради ефектите од климатските промени и недостигот на работна сила, ќе расте со просечна годишна стапка од 17% за да достигне 218 милијарди долари до 2030 година, покажуваат анализите на „GlobalData“.

Роботите можат да извршуваат напорни и монотони задачи кои водат до повреда и замор. Земјоделската индустрија инвестира и иновира во многу области на роботиката, вклучувајќи беспилотни летала, теренски роботи и роботика со вештачка интелигенција

Сепак, „GlobalData“ верува дека роботите нема да ги заменат луѓето во земјоделството, туку ќе станат асистенти. Тие ќе ги поддржуваат луѓето со автоматизирање на повторувачки и напорни задачи како што се орање, како и проучување на здравјето на културите и моделите на раст.

Како пример за такви асистенти, аналитичарите го наведуваат заедничкиот развој на „John Deere“ и „Blue River Technologies“ на роботот „See & Spray“, кој користи сензори и вештачка интелигенција за прецизно влечење на плевелот и прскање пестициди.

Друг пример е роботот „Dogtooth“ и вештачката интелигенција за берење јагоди. Тој може да се движи низ редовите на јагоди, да утврди дали се зрели, нежно да ги собере бобинките и потоа да ги спакува во корпи.

Поголемиот дел од оваа работа на полињата во Европа и Cеверна Америка се врши од евтина, увезена странска работна сила во голем број.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.