Американскиот режисер Оливер Стоун ги обвини западните медиуми дека го искривуваат имиџот на рускиот претседател Владимир Путин.
„Тој не е чудовиштето што го претставува американската пропагандна машина“, изјави Стоун за време на гостувањето во емисијата „Остани слободен“ чиј водител е британскиот актер и активист Расел Бренд.
Стоун истакна дека додека го снимал интервјуто со Путин, на Путин му поставувал директни и искрени прашања и дека не почувствувал воинственост кај рускиот претседател. Тој нагласи дека Путин во разговорот упорно ги нарекувал САД „американски партнери“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.