Ник и Лиз се пар од Белгија, во 30-тите години од животот, кои промовира натуризам и нудизам, а се целосно посветени на патување низ светот и истражување локации каде што ќе може да се соблечат голи.

Тие сакаат да го претстават натуризмот низ очите на еден млад пар.

Штеделе пари и во 2016 година стартувале блог на кој ги споделуваат своите искуства за патувања низ светот на места каде се почитува и е дозволен нудистичкиот стил на живот.

Неколку години подоцна, тие имаат посетено натуристички места на 4 различни континенти, на планините на Тајланд, во длабочините на канадските шуми, во пустините на Калифорнија, амазонските прашуми, како и на плажите низ Бразил, Хрватска, Франција и многу други земји.

На секоја од овие локации, тие не пропуштаат да направат забавни (несексуални) нудистички фотки и да ги споделат на Инстаграм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.