Мемоарите на Меланија Трамп веднаш по објавувањето сосема очекувано кренаа голем интерес ширум светот. Тоа се случи дури и во нејзината родна земја, Словенија, каде што пораснала и за која нашироко пишува во нејзината биографија.

Таа, меѓу другото, го опишала нејзиното детство во Севница, Словенија и се присетила како почнала да се занимава со манекенство кога имала само шест години.

Вели дека имала среќно детство. Мајка ѝ Амалија пораснала на фарма каде се одгледувал кромид, подоцна работела и во фабрика, а татко ѝ Виктор Кнавс бил продавач на автомобили. Меланија пишува дека нејзините родители ја однеле неа и нејзината сестра Инес на концертите на Елтон Џон и Тина Тарнер за да се чувствуваат повеќе поврзани со западните земји, Австрија и Италија во тоа време, пишува Јутарњи лист.

Меланија се присетила и на непријатни моменти од нејзиниот живот на територијата на поранешна Југославија, кога УДБА им упаднала во нивниот дом поради, како што вели, „сомнителниот начин“ на животот на нејзиниот татко. Истакна дека соседите го пријавиле татко ѝ.

Во биографијата Меланија негираше дека нејзиниот татко бил комунист, нагласувајќи дека комунизмот не ги одразува неговите политички убедувања.

Неговото членство во Комунистичката партија беше задолжително бидејќи партијата воведе автоматска месечна членарина од дел од неговата плата – се наведува во книгата, а пренесува Дејли Мејл. Нивниот извор пак раскажал дека членството на таткото на Меланија во КПЈ му донело бројни привилегии на семејството на поранешната прва дама на САД. Тој тврди дека во градот имале посебен третман, прво пристап до основни работи, а Виктор Кнавс заработувал многу подобро од другите Севничани.

Според британските медиуми, повикувајќи се на тврдењата на лице кое тогаш живеело во Севница во Словенија, за време на детството на Меланија само пет проценти од Словенците биле во Комунистичката партија, а иако нејзиниот татко јавно не ја истакнал својата политичка определба, тоа било очигледно за неговите роднини и соседи.

Меланија понатаму пишува дека нејзините родители не биле особено политички активни, иако преживеале значајни политички настани.

Додека растев се чувствував повеќе поврзана со нашите соседи во Италија или Австрија отколку со комунистичките земји во Источна Европа“, продолжи Меланија.

„Скијав на Алпите и се одморив во Хрватска, на далматинскиот брег“ – пишува таа и додава: „Навистина, моето детство беше исполнето со среќа, убавина и позитивност, далеку од типичната приказна за девојка која пораснала во комунистичко општество“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.