Како секоја година, така и оваа тим нуркачи од охридскиот нуркачки центар „АМФОРА” од Охрид, во Музејот на вода во близина на плажата „Градиште” ја накитија подводната елка во Охридското езеро.

Традиционално, секоја година, нуркачите им ја посветуваат на децата со ретки болести со желби за нивно здравје, успех и среќно детство.

Сите посетители на Музејот на вода, ќе имаат можност да ја видат елката од денес па се до крајот на јануари. Инаку украсувањето на подводна елка во водите на Охридското езеро се оддржува по 21 пат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.