Новата кула на париската катедрала Нотр Дам има крст и златен петел на врвот, дизајниран да личи на феникс со запалени пердуви, што го симболизира издигнувањето на средновековната зграда од пепелта.

Скелињата околу кулата вчера се отстранети речиси пет години по пожарот, а се претпоставува дека преостанатиот процес на отстранување на сите скелиња би можел да потрае со недели, ако не и месеци, пренесува Еуроњуз.

Новата кула на катедралата, со својот златен петел и крст, беше заштитена со околу 70.000 парчиња скелиња, тешки вкупно 600 тони, пренесува Си-Би-Ес њуз.

Отворањето на катедралата е најавено за 8 декември 2024 година, што значи дека нема да биде отворена за јавноста за време на Летните олимписки игри кои оваа година се одржуваат во јули и август во Париз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.