До крајот на годината нè oчекуваат уште неколку неработни денови и продолжени викенди.

За сите македонски граѓани во октомври ќе биде неработен Денот на народното востание на 11-ти, кој годинава се паѓа во петок и 23 Октомври (среда) кога се одбележува Денот на македонската револуционерна борба.

Денот посветен на Свети Климент Охридски, 8 Декември, годинава се паѓа во недела, па неработен е следниот ден.

Пред католиците се дополнителни два неработни дена – 1 ноември (петок), Празникот на сите светци и 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

Припадниците на албанската заедница на 22 ноември (петок), ќе го прослават Денот на албанската азбука, за граѓаните припадници на еврејската заедница неработен ден е 12 октомври (сабота), првиот ден на Јом Кипур, Бошњаците ќе прославуваат на 28 септември (сабота), кога е Меѓународен ден на Бошњаците, а Денoт на настава на турски јазик 21 декември (сабота) е неработен за граѓаните припадници на турската заедница.

Во 2025 година, пак, нè oчекуваат помалку продолжени викенди во споредба со оваа година, но и неколку државни празници кои паѓаат во сабота, или верски кои паѓаат во недела.

Неработни денови во 2025 година:

За сите граѓани

  • 01 јануари (среда), Нова Година,
  • 07 јануари (вторник), Божик,  првиот ден на Божик според православниот календар
  • 30 март (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 01 април (понеделник) е неработен ден
  • 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 01 Мај (четврток), Ден на трудот
  • 24 Мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,
  • 02 Август (сабота), Ден на Републиката,
  • 8 Септември (понеделник), Ден на независноста 
  • 11 Октомври (сабота), Ден на народното востание,
  • 23 Октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба
  • 8 Декември (понеделник), „Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 06 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик, 
  • 19 јануари (недела), Богојавление (Водици),
  • 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 6 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (четврток), првиот ден на Божик. 

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 6 јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

  • 22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ

  • 27 јануари (понеделник), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ

  • 08 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите 

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ

  • 23 мај (петок), Национален ден на Власите 

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

  • 2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур 

За граѓаните припадници на бошњачката заедница  во РСМ

  • 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците 

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

  • 21 декември (неделаа), Ден на настава на турски јазик  



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.