До крајот на годината нè oчекуваат уште неколку неработни денови и продолжени викенди.
За сите македонски граѓани во октомври ќе биде неработен Денот на народното востание на 11-ти, кој годинава се паѓа во петок и 23 Октомври (среда) кога се одбележува Денот на македонската револуционерна борба.
Денот посветен на Свети Климент Охридски, 8 Декември, годинава се паѓа во недела, па неработен е следниот ден.
Пред католиците се дополнителни два неработни дена – 1 ноември (петок), Празникот на сите светци и 25 декември (среда), првиот ден на Божик.
Припадниците на албанската заедница на 22 ноември (петок), ќе го прослават Денот на албанската азбука, за граѓаните припадници на еврејската заедница неработен ден е 12 октомври (сабота), првиот ден на Јом Кипур, Бошњаците ќе прославуваат на 28 септември (сабота), кога е Меѓународен ден на Бошњаците, а Денoт на настава на турски јазик 21 декември (сабота) е неработен за граѓаните припадници на турската заедница.
Во 2025 година, пак, нè oчекуваат помалку продолжени викенди во споредба со оваа година, но и неколку државни празници кои паѓаат во сабота, или верски кои паѓаат во недела.
Неработни денови во 2025 година:
За сите граѓани
- 01 јануари (среда), Нова Година,
- 07 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
- 30 март (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 01 април (понеделник) е неработен ден
- 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
- 01 Мај (четврток), Ден на трудот
- 24 Мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,
- 02 Август (сабота), Ден на Републиката,
- 8 Септември (понеделник), Ден на независноста
- 11 Октомври (сабота), Ден на народното востание,
- 23 Октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба
- 8 Декември (понеделник), „Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од православна вероисповед
- 06 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик,
- 19 јануари (недела), Богојавление (Водици),
- 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
- 6 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
- 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед
- 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
- 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци,
- 25 декември (четврток), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед
- 6 јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница
- 22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука
За граѓаните припадници на српската заедница
- 27 јануари (понеделник), Свети Сава
За граѓаните припадници на ромската заедница
- 08 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница
- 23 мај (петок), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница
- 2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница
- 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница
- 21 декември (неделаа), Ден на настава на турски јазик
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.