Метеоролозите на AccuWeather ја објавија временската прогноза за претстојното лето во Европа, вклучувајќи ја и прогнозираната состојба на Западен Балкан. Поголемиот дел од Европа може да се соочи со суша, но на Балканот се очекуваат бури и поплави.

На северната хемисфера летото ќе започне на 21 јуни, приближно три недели по почетокот на метеолошкото лето на 1 јуни. Летното време ќе започне брзо низ централна и северна Европа, додека југоисточните области може да доживеат побавен премин во новата сезона.

Дали 2023 година ќе биде и година на рекордни летни температури?

Со оглед на тоа дека 2021 и 2022 година ги урнаа сите рекорди за најжешкото лето забележано на европскиот континент, многумина се прашуваат дали и 2023 година ќе биде година на рекордни жештини. Иако во април оваа година Шпанија веќе постави рекорд за највисока априлска температура досега забележана во Европа, метеоролозите не очекуваат дека 2023 година ќе биде уште една година на екстремно високи температури.

Екстремните горештини се очекува да бидат поретки низ континентот отколку во последниве години. Ќе има моменти кога станува жешко, но веројатно нема да се повтори рекордната екстремна топлина од минатото лето, вели метеорологот Тајлер Ројс.

Сепак, она за што предупредува AccuWeather се потоплите ноќи од вообичаеното со температури кои имаат тенденција да бидат над историскиот просек за лето во Европа.

Источна Европа, пак, е безбедна во овој поглед бидејќи се очекува температурите да бидат блиску до историскиот просек и без топлотни бранови. Тука спаѓаат Унгарија, Романија и Србија.

Се очекува летото да биде посуво и потопло во споредба со историскиот просек што може да предизвика проблеми со пожари во Скандинавија. Јуни и јули ќе бидат најсушните месеци по кои може да се очекуваат врнежите.

Оние на кои најмногу им требаат врнежи, како што се Шпанија и Италија, се чини дека нема да ги добијат оваа година.

AccuWeather ги истакнува северна Франција, Германија, Полска и балканските држави како коридор кој најверојатно ќе се соочи со почести врнежи и полоши временски услови во споредба со остатокот од Европа.

Врнежите треба да бидат блиску до историскиот просек за голем дел од овој регион, што ќе биде добра вест за земјоделските култури низ Балканот, вели Ројс.

Сепак, на Балканот, невремето може да резултира со значителен ризик од поплави бидејќи врнежите се зголемуваат над историскиот просек за оваа сезона.

Зоната од северна Франција до Балканот е изложена на најголем ризик од тешки временски услови во однос на грмотевици кои можат да предизвикаат силен ветер и град, рече Ројс.

Сепак, тоа не значи дека на Балканот се губи секаква надеж дека нема убави и сончеви денови.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.