Кристина Миладиновиќ од Здружението на спасители на вода на Србија во утринската програма на „Курир ТВ“ зборуваше кога е предоцна спасувачот на плажа да реагира, кои се грешките што ги правиме кога ќе видиме давеник и дали морето навистина е толку непредвидливо.
Таа се осврна конкретно на случајот во кој таткото самоиницијативно, односно инстинктивно тргнал да го спаси своето 8-годишно дете, по што се удави, трагедија која неодамна се случи на плажата Лагониси на Ситонија.
Тоа е голем проблем, зошто и покрај природната желба да помогнеме, кога не сме обучени за тоа се ставаме и самите во опасност. Спасувачите се водат по принципот дека никогаш не смееме да ги загрозиме нашите животи за да спасиме некого, бидејќи во такви ситуации може наместо еден да има два смртни случаи. Најдобро е да се повика стручна помош или да се посегне по предметот за кој ќе се држи давеникот, а контактот лице в лице да се избегнува, рече Миладиновиќ.
Таа објаснува дека во тој момент, давеникот не гледа во вас личност која сака да помогне, туку ве гледа како спас, односно како нешто на кое може да се фати и да се качи.
Потенцираше дека има многу луѓе кои не се свесни за потенцијалните ризици што ги носи водата со себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.