Милан Радуловиќ Лача, ќе биде погребан покрај својата мајка Марина Туцаковиќ и братот Милош, вели Љубица Његомир, најдобра другарка на Милан Радуловиќ. Ќерката на покојната Мерима Његомир, низ солзи раскажува за текстописецот кој на 14 декември е пронајден мртов во Израел.

Многу сум потресена, не можам да дојдам на себе. Телото на Лача ќе биде донесено во недела, а тогаш, уште не знам кога, ќе биде погребано во семејната гробница, покрај мајката и братот, кои најмногу ги сакаше. Не знам дали ќе има обдукција – вели Љубица.

Таа вели дека заедно често оделе на гробишта, а сега за жал, и нему ќе му пали свеќа.

Последен пат се слушнавме на 1 декември, ден пред неговото заминување. Ми рече дека сигурно ќе биде на мојот роденден на 31 декември. Никогаш не се пожали дека ќе си го одземе животот, сакаше да живее. Не користеше наркотици, беше чист, би знаела да е поинаку. Беше полн со планови, пишуваше текстови, смислуваше некои проекти. По пораки ми порачуваше дека е добро – раскажува Љубица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.