Бубамари, цветови, војници, баби и дедовци, Спајдерменковци и други креативни маски продефилираа на маскенбалот по повод Денот на шегата во Градско.

Радоста и среќата на лицата на децата се доволна награда за одржување на Априлијада. Нивната фантазија ги надминува сите проблеми и ни дава сила да се вложуваме уште повеќе за да добиеме дел од нивното безгрижно детство. Драги деца, останете весели и насмеани- порача градоначалникот Киро Нацков.

И оваа година како и претходната водител на Априлијадата беше Марко Новески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.