Голем рок настан е најавен во Куманово, а кој ќе трае два дена – од седми до деветти јуни, на спортскиот аеродром Аџитепе. Фестивалот е насловен „Беарс Мото Рок Фест“ 2024.
Од организацијата најавуваат многу интересни содржини, како што се евтина храна и пијалоци (гратис ручек во соработка со „Коледари“ од Куманово), натпревар во печење прасиња, огномет, аниматори за најмладите, бајкерски игри, акробати, хуманитарна акција…
Исто така, најавено е гостување на повеќе музички гости, помеѓу кои „Електрични оргазам“, „Ноќни путници“, „Блуз Бенд“, „Солушн“, „Блажа и кљунови“, „Кросроуд“, „Сакис доволис трио“…
Влезот за фестивалот ќе биде бесплатен и се очекуваат бројни посетители од земјава и регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.