Најбогатите луѓе на светот во новата 2022 година влегуваат уште побогати. Индексот на милијардери на Блумберг покажува дека првите 10 на листата на најбогати во текот на годината заработиле стотици милијарди долари.

Некои од нив, како Бил Гејтс и Џеф Безос, имаат повеќе од 100 милијарди долари со години. Гејтс првпат ја достигна таа бројка во 1999 година, додека Безос го направи тоа во 2017 година. Сепак, повеќето од останатите најбогати луѓе во светот се новодојденци на листата.

Овие милијардери во 2021 година додале над 400 милијарди долари на своето богатство.

Оваа година, ко-основачот на „Tесла“, Илон Маск, го зголемил своето богатство за неверојатни бројки, а сето тоа благодарение на брзиот раст на неговата компанија за производство на електрични автомобили. Акциите на „Tесла“ пораснаа за околу 60 отсто оваа година, а компанијата достигна пазарна вредност од над 1 трилион долари за прв пат во октомври.

Џеф Безос чие богатство се проценува од 195 милијарди долари, има заработено 5 милијарди долари. 57-годишникот ја напушти функцијата генерален менаџер на Амазон во јули оваа година и порача дека повеќе ќе се посвети на компании како Безос – Фонд за Земјата, Блу Ориџин, Вашингтон Пост и Амазон Фонд Ден 1.

Бернард Арно кој има богатство од 176 милијарди долари, заработил 61 милијарда. Генералниот директор на конгломератот за луксузни стоки „LVMH“, кој поседува брендови како Луј Витон, Кристијан Диор и Живанши, додаде 61 милијарда долари на своето богатство во 2021 година. Тој се смета за најбогат човек во Европа.

Бил Гејтс со богатство од 139 милијарди долари, заработил 7 милијарди. И покрај донирањето десетици милијарди долари во последните децении, богатството на Гејтс продолжува да расте, заработувајќи дури 7 милијарди долари оваа година. Оваа година тој се разведе од сопругата Мелинда Френч Гејтс по 25 години брак.

Лери Пејџ со богатство од 130 милијарди долари има заработено 47 милијарди долари. Ко-основачот на Google додаде 47 милијарди долари на своето богатство.

Марк Цукерберг со богатство од 128 милијарди долари има заработено 24 милијарди долари. Тој е еден од најмладите милијардери, а во 2021 година успеал да заработи дури 24 милијарди долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.