Сомнителна појава на ретко и екстремно опасно труење со храна во Москва погоди повеќе од 120 луѓе кои побарале медицинска помош, а најмалку 30 се на интензивна нега, соопштија денеска здравствените власти.
Пациентите се примени во болница со сомневање за ботулизам што се пренесува преку храна, состојба опасна по живот која го напаѓа нервниот систем и може да предизвика респираторна инсуфициенција и парализа.
Руските власти соопштија дека токсичната епидемија потекнува од салати дистрибуирани од популарната услуга за испорака преку интернет, која во неделата привремено ги прекина своите операции поради кривична истрага.
Вкупно 121 лице побарале медицинска помош“, изјави Анастасија Ракова, заменик-градоначалничка на Москва.
„Во моментот 55 лица се во тешка состојба, од кои 30 на интензивна нега“, додаде таа.
Градското тело за заштита на потрошувачите и здравјето, Роспотребнадзор, во саботата соопшти дека спроведува „епидемиолошка истрага за сомнителни случаи на ботулизам“.
Моосковското обвинителство соопшти дека покренало кривична истрага за прекршување на стандардите за безбедност на потрошувачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.