Во Лесковац се одржа меѓународен фестивал на кој настапија културно-уметнички друштва од Србија и светот. Но, најмногу се зборува за настапот на акробатската група ‘USB’ и девојката која на сцената излезе во танга со стол како единствен реквизит.
Во публиката имаше многу деца, па се огласи туристичкиот одбор на Лесковац и се извини, пишува 24сата.хр.
„Акробатската група ’УСБ’ од Ниш петти пат по ред учествуваше на овој фестивал. Во четирите претходни претстави публиката беше воодушевена, па ги донесовме по петти пат.
Но, овој контроверзен танцов перформанс за прв пат беше дел од нивниот настап и бевме многу изненадени бидејќи не знаевме за тоа. Размислувавме да го прекинеме настапот, но мислевме дека со прекин ќе предизвикаме уште поголема забуна“, соопштија од туристичкиот одбор на Лесковац, пренесуваат српските медиуми.
Тие им се извинија на граѓаните и побараа разбирање, додавајќи дека никогаш повеќе нема да ја поканат споменатата акробатска група на карневалот.
Погледнете го видеото од овој настан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.