Англискиот фудбалски тим Ливерпул ја продолжи одличната низа на резултати и врза шеста победа по ред во Премиер лигата, но истата беше одбележана и од чин кој брзо стана доста коментиран во англиската јавност.

На денот кога се крунисуваше кралот Чарлс Трети во кралското семејство, навивачите на Ливерпул јасно го искажаа своето незадоволство кон традиционалната хиерархија, па почетокот на натпреварот против Брентфорд беше навистина бурен.

Поради специјалниот чин во Вестминстерската Опатија, беше најавено дека на „Енфилд Роуд“ ќе биде интонирана англиската химна, но оваа епизода мина навистина непријатно.

Навивачите на Ливерпул се погрижија воопшто да не се слуша химната во која е опеана и кралското семејество, а имаше и жестоки транспаренти за крунисувањето на Чарлс Трети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.