Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со задоволство ве поканува на големиот настан „Вкуси ја традицијата“ – Национален саем за храна и пијалоци кој ќе се случи утре, 07.10.2023 година (сабота), со почеток во 11:00 часот, на просторот пред езерцето, во Градски парк Скопје.
Предвидени се поздравни обраќања на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, директорот на ГИЗ за Македонија и Косово, Давид Оберхубер и младиот земјоделец Филип Димкоски.
Настанот е во организација на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со поддршка од Слоу Фуд Македонија и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), а ќе се одржи под мотото „Taste life, taste tradition“ односно „Вкуси го животот, вкуси ја традицијата“.
Ова е втора година по ред да се одржи саем со ваков обем, на кој ќе се претстават повеќе од 400 производители, кои заеднички ќе ги презентираат македонското земјоделство и гастрономија.
На просторот во Градски парк, ќе бидат поставени 80 штандови, над 400 учесници ќе презентираат околу 2000 производи, ќе се подготвува вкусна традиционална храна од познати готвачи, а предвидено е и детско катче. За целосна позитивна атмосфера, посетителите ќе можат освен во вкусовите на домашна храна и пијалоци да уживаат и во звуците на музичка етно група „Баклава“.
Саемот „Вкуси ја традицијата“ ќе биде отворен во периодот од 11-18 часот. За сите посетители, влезот ќе биде бесплатен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.