Градоначалникот на Бањалука, Драшко Станивуковиќ, после зборувањата дека е во врска со пејачката Тања Савиќ, повторно е во центар на интересот, со оглед на тоа дека забрани настапи на јавно место на раперите Десингерица и Пљугица, а се заложи и на останатите изведувачи со сличен музички жанр и проблематични текстови да им бидат забранети настапите во Бањалука.

Инаку Драшко живее во вила која вреди милиони. Освен што седи и оди по злато. Според пишувањата на изведувачите на работите, во куќата се вградени мозаици од чисто 24 каратно злато, па луѓето велат дека тоа е босанскиот Версај.

Оваа луксузна недвижнина е во сопственост на таткото на Станивуковиќ, кој се занимава со приватен бизнис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.