Актерката Меган Маркл (42) присуствуваше на настанот Самит за родители: Менталното здравје во време на дигитално доба, кој беше организиран како дел од фондацијата Archewell. Меган, која ја основаше фондацијата со принцот Хари, одржа говор во кој зборуваше за нејзините деца Арчи и Лилибет и за стравовите со кои се соочувала како мајка.

Да бидам мајка ми е најважна работа во животот… Освен, секако, да бидам сопруга на Хари. Но, ќе кажам дека сум среќна што нашите се уште се прилично мали, така што не е во нашата блиска иднина, но се плашам затоа што продолжува да се менува и што претстои – рече таа и потоа додаде:

Кога си родител, деновите се долги, а годините кратки. Тоа ме загрижува, но исто така ми дава многу надеж и многу енергија поради напредокот што го направивме во изминатата година.

За потсетување, Меган наводно планира да се врати на актерството и Холивуд. Извор неодамна откри за US Weekly дека Маркл „планира нејзино реинвенција“, а нејзиниот нов тим и таа моментално подготвуваат стратегии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.