Мечката Урош од Белградската зоолошка градина, вчера, кога излегол од пештерата, не ја здогледал својата сенка, со што, според народното верување, го најавил скорешното доаѓање на пролетта.
На Сретение, според традицијата, се сретнуваат зимата и пролетта и како што с еверува, ако тој ден мечката ја здогледа својата сенка, се уплашува и се враќа во својата пештера, каде повторно заспива и зимата трае уште шест недели.
Ако не видат сенка, излегуваат да бараат храна, зимата завршува. Со оглед на тоа дека зимата досега беше невообичаено блага, без снег и мраз, прашање е дали мечките се уште се во дувлото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.