Мултимилијардерот Илон Маск им раскажа на инвеститорите дека ги однел своите деца во маркет за време на пандемијата со свои очи да „сведочат за недостигот на тоалетна хартија“
Маск тоа им го откри за време на презентацијата за профитот на компанијата Тесла во четвртиот квартал од 2021 година, кога зборуваше за проблемот со недостигот на чипови.
Постои сличност меѓу недостигот на тоалетна хартија и сегашниот недостиг на чипови. Немаше нагло зголемување на потребата за користење тоалетна хартија. Луѓето само ги фати паника и го купуваа секој хартиен производ што можеа да го користат – рече Маск.
Потоа им кажал на инвеститорите дека недостигот на тоалетна хартија толку многу го заинтригирал што отишол сам да се увери дека недостигот воопшто е вистински.
Не бев сигурен дали е реално или не… Решив да ги одведам моите деца во Волмарт, Тексас само за да видам дали недостатокот е реален. Навистина беше. Имаше храна и се, но немаше производи од хартија – рече тој.
Маск додаде дека тоалетната хартија е „чуден избор“ поради кој луѓето би паничеле.
Ако навистина доаѓа крајот на светот, мислам дека тоалетната хартија е еден од помалите проблеми – заклучил тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.