Кристина, мајката на Марко, кој веќе со години се мачи со повеќе дијагнози, бара помош од македонската јавност за нивната престојна операција на туморот, вредна 15.000 евра. Да помогнеме на семејството!
Ја барам вашата помош и поддршка за моето дете. Марко во 2020 година почна да има напади од кој паѓаше овде во Македонија му ставија дијагноза G40 епилепсија пиеше четири вида на терапија Тегретол Трилептал Ацидозоламиде Кепра и масло од канабис меѓутоа не му помогнаа. Докторите не испратија во Турција од извршените испитувања таму ни кажаа дека Марко има епилепсија со катаклепсија и апнеа на спиење губи дишење 13 секунди.Направена е една операција во 2021 година идевме неколку пати во Турција на контрола меѓутоа состојбата не се подобри.Марко лежеше во болница поради тоа што повраќаше крв меѓутоа не му направија гастроскопија бидејќи владееше корона овде во Македонија го отпуштија од болница тој се уште повраќаше меѓутоа не крв. Марко пред два месеци имаше болка во стомакот го однесовме на лекар му направија компјутер со контраст и ни кажаа дека жолчката е со поголема густина а желудникот засенчен по направени и додатни испитувања ни кажаа дека Марко има тумор кој е во многу рана фаза и дека треба да се направи операција меѓутоа таа треба да се направи во Турција поради невролошката состојба на Марко. За таа цел потребни се 15000 илјади евра кој ние ги немаме затоа ве замолувам да донирате, моли Кристина.
Направете донација (во Македониja и во странство) со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut:
pavelandreev.bg/mk/campaign/pomognete-na-marko
Можете да донирате на платформата без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.