Македонија беше домаќин на Европското првенство во џез, модерен и класичен балет кое се одржа во СЦ Јане Сандански од 8-11.09.2022 во организација на танцовите клубови Студио Брејк А Лег и Ит Да Бит од Скопје.

Над 2000 балерини од 23 земји и околу 5000 гости од странство имаа можност да ги презентираат и гледаат врвни кореографии и балерини кои беа пресреќни што конечно можеа да настапат во живо после короната.

Да се организира ваков настан бара многу ангажман и огромен тим бидејки натпреварот се одвиваше во две сали истовремено , додека последниот натпреварувачки ден беше во 3 сали симултано и сѐ функционираше перфектно.

„Овој натпревар е рекорден по број на учесници, речиси двојно од последното европско во Прага, што е показател дека Македонија е популарна дестинација за странците, а ние одлични домаќини“, изјави Трајче Петковски – организатор на европското првенство.

Следни големи танцови манифестации во Македонија ќе бидат Европско Првенство во ХипХоп и Светското Првенство во Латино во 2023та година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.