При посета на Зоолошка градина во кинескиот град Гуангжу, главната атракција е лавот, кој освен што е карактеристичен според бујната грива, стана хит на интернет и поради неговата необична „фризура со шишки“.
Животното по име Ханг Ханг, предизвика многу коментари на социјалните мрежи, меѓу кои има и голем број кои реагираат на изгледот на лавот.
Многумина се прашуваат кој дозволил ова прекрасно животно да изгледа како некој да се шегува со него? Некои забележуваат и дека „лицето на лавот покажува дека тој не е среќен“, оти „изгледа засрамено“ и дека тие што, наводно, можеби „го потстржале“, треба да се засрамат, бидејќи „тоа не е нормално“.
Набргу потоа стигна коментар и од Зоолошката, откаде што порекнаа каков било зафат над неговата грива и оти најверојатен виновник за тоа е високата влажност.
Во зоолошката градина нема „фризерска програма“, а ние не се осмелуваме да му ја кратиме косата на лавот. Може да се каже дека тој „сам ја осмислил фризурата“ – се наведува во соопштението.
Новостекнатата слава на лавот фрли светлина и на неговото потекло, бидејќи Ханг Ханг е од редок подвид бел лав. Белите лавови ја добиваат својата необична боја од рецесивен ген, слично како и кај белите тигри, а тие се многу ретки во природата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.