Шест тематски работилници за развој на креативноста кај децата ќе се рeализираат летово во Музејот на Град Скопје.

Концептот се состои од шест работилници на посебни теми при што секоја активност ќе биде прилагодена според возраста за која е наменета. Дел од темите на работилниците се: „Создаваме ритам за танцување“, „Мозаик што раскажува ѕвездени приказни“, „Халки фото авантура“, „Хартијата што зборува“.

„Халки шарено лето“ ќе се реализира во попладневните часови, во текот на летото, почнувајки од следната среда, 28 јуни. Времетраeњето на една работилница е два часа, а децата ќе бидат водени од врвни професионалци во областа. Работилниците се реализираат во соработка со Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“.

Летниот распуст е одлична можност, дел од слободното време, децата да го искористат за да направат мозаик, да креираат свои сликовници, да работат сценографија, модерни танци, да се запознаат со тајните на фотографијата и магијата на хартијата. Можеби најважно, да се дружат со своите врсници и да заборават на таблетите и мобилните телефони.

Сите работилници ќе се објавуваат на официјалната Фејсбук страница на Халки детско штедење, каде што родителите ќе можат да ги пријават своите деца за учество, бидејќи бројот на учесници ќе биде ограничен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.