Се чини дека на британскиот крал Чарлс Трети веќе му здодеало потпишувањето документи. Новопечениот крал престојувал во замокот Хилсборо во Северна Ирска, а на видеото кое веќе се споделува на социјалните мрежи се гледа Чарлс кој не е сигурен кој датум треба да го напише.

Прво прашува кој датум е, а кога му велат дека е 13 септември, вели дека на претходниот документ запишал погрешен датум.

Боже, колку го мразам ова – рече тој и ѝ го подаде хемиското пенкало на Камила, која беше загрижена дека мастилото ќе истече насекаде.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.