Иако менувањето на долната облека е исклучително важно за нашата хигиена и здравје, колку често ја менуваме зависи од неколку важни фактори, пред се од нивото на нашата секојдневна физичка активност.
„Во ситуации кога нашата секојдневна активност е минимална и не сме се испотиле, прифатливо е да менуваме долна облека секој втор ден“, изјави за Дејли Меил д-р Ању Метил, дерматолог од индиската компанија ClinicSpots.
Таа додаде дека машката долна облека која е малку полабава, како што се широките боксерки, исто така овозможува малку подолго време на носење.
Истражувањето што го направи Newsweek во јуни, а во кое учествуваа 1.500 возрасни лица покажа дека 47% од нив никогаш не носат долна облека повеќе од еден ден. Сепак, дури 37% од членовите на генерацијата Z признале дека понекогаш носат долна облека повеќе од 24 часа, што е најдолг период меѓу сите возрасни групи кои биле испитани.
„Доколку носат валкана долна облека предолго, мажите и жените ризикуваат иритација на кожата, осип, габични инфекции или влошување на постоечките состојби како што се псоријаза или егзема“, предупредува Сара Робертс, експерт за нега на кожа и основач на A Beauty Edit.
Од друга страна, жените кои имаат обилни менструации и силен вагинален исцедок треба да размислат за промена на долната облека неколку пати на ден за да спречат развој на инфекции.
Колку често ја менувате долната облека може да зависи и од климата во која живеете. Во многу топла и влажна клима, препорачливо е да менувате долна облека неколку пати на ден, додека во постудените региони тоа нема да биде потребно.
Извор: Убавина и здравје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.