Судот во Њујорк денеска одлучи дека Кевин Спејси не е виновен за злоставувањето на актерот Ентони Рап, кој го обвини дека легнал врз него на кревет по забава во 1986 година, како што пренесува Би-Би-Си.

Поротниците расправаа околу еден час и заклучија дека Рап не докажал дека Спејси „го допрел неговиот сексуален или интимен дел од телото“, по што судијата Луис Каплан формално го затворил случајот.

Најпознат по улогата во Star Trek: Discovery, Рап тврдеше дека во 1986 година, како 14-годишник, Спејси го однел во неговиот дом во Менхетен, каде што го легнал на креветот, го фатил за задникот и ги притиснал препоните на неговиот тело, иако тој не се согласил со тоа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.