Вознемирувачка вест стигна од Лондон, принцезата Кејт Мидлтон повторно се повлекува.

Кејт Мидлтон ги израдува сите кога се појави на Вимблдон, а поддршката што и ја даде публиката предизвика силни емоции кај принцезата.

Според инсајдер од Палатата, Кејт се повлекува од очите на јавноста за да продолжи со лекувањето.

Таа нема да биде во центарот на вниманието. Ќе биде со своето семејство или сама, за да ја зачува енергијата што е можно повеќе. Ќе има многу време да се фокусира на нејзиното закрепнување, вели инсајдерот, според Пипл

Меѓу другото, принцот и принцезата од Велс деновите ќе ги поминат во Норфолк со своите деца, сите патувања во странство се одложени, а познато е само дека на кратко ќе ги посетат кралот Чарлс и кралицата Камила во Шкотска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.